ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Алиоски: Уживам во Премиер лигата

Македонскиот репрезентативец си ја отвори душата за тоа како му се допаѓа престојот во Лидс и играњето во најдобрата лига на Островот.

Веќе четврта сезона како Езџан Алиоски е дел од Лидс Јунајтед, но ова му е прва сезона во Премиер лигата. По три сезони играње во Чемпионшип, Џани и дружината со тренерот Марсело Биелса на чело, конечно го вратија Лидс онаму каде навивачите сонуваа цели 16 години.

„Обожавам да играм тука со овој тим. Да се игра со овој стил кој го практикуваме е неверојатно, се подобрувам секој ден и учам и по нешто ново“, вели популарниот Џани говорејќи за BBC.

Лидс сезонава стана препознатлив по отворениот напаѓачки стил кој резултираше со многу дадени, но и многу примени голови. Таквата тактика ја применува без разлика дали противникот е Ливерпул или Фулам.

„Најдоброто нешто што може да се добие од Премиер лигата е играњето против клубови кои имаат играчи кои се едни од најдобрите во Европа“.

Откако на почетокот беше резерва и влегуваше од клупата, Алиоски потоа си фати место во тимот и сезонава веќе има 17 натпревари и 2 гола.

„Можеш да играш против нив и да им покажеш кој си ти, убаво е како заедно играме и колку сме силни како тим. Едноставно убаво е што сум дел од ова“, завршува Алиоски.

Во последно време Џани беше поврзуван со трансфер во Галатасарај, но дека македонскиот фудбалер би се откажал од играње во Премиер лигата за да игра во Турција е тешко веројатно.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе