АТП РОЛАН ГАРОС 2023

Алкарас: Ѓоковиќ е фаворит, но мојата младост може да пресуди

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ја најави полуфиналната пресметка против Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос, велејќи дека со нетрпение го очекува овој дуел и дека верува дека неговата младост може да го победи искуството на Новак.

Алкараз синоќа со спектакуларна партија, една од најдобрите во неговата не толку долга кариера, го збриша Стефанос Циципас со 3:0 во сетови за да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос. Тој самиот рече дека тоа била одлична партија.

„Моето ниво на игра како што продолжува турнирот е сѐ подобро, играв многу добро и ова е еден од најдобрите натпревари во мојата кариера. Сè што направив изгледаше лесно за другите, можеби дури и за мене во некои моменти. Се обидов да направам едноставни работи, а кога го правам тоа значи дека се чувствувам добро на теренот“, изјави Алкарас.

После тоа го најави дуелот против Новак Ѓоковиќ и изјави дека тоа е пресметка која сите ја чекаат и дека е многу возбуден што ќе игра против тенисерот од Србија.

„Би рекол дека сите го очекуваа овој натпревар уште откако беше објавена жрепката на Ролан Гарос, исто како и јас... Многу сакав да играме, особено по минатогодишниот дуел во Мадрид сакав повторно да играм со него. Двајцата сме на на високо ниво, а ако сакаш да бидеш најдобар, мора да го победиш најдобриот.

„Што ќе биде пресудно, мојата младост или искуството на Новак? Ќе ја изберам мојата младост. Ова ќе биде негово 45-то Грен слем полуфинале, а мене само второ. Искуството е на негова страна, но нема да размислувам за тоа. Што се однесува до играта на Новак, тој е во одлична форма, враќа сѐ и изгледа како ѕид, но ќе се обидам да го заборавам сето тоа и да се фокусирам на мојот тенис. Новак е фаворит, не го велам тоа за да го симнам притисокот, бидејќи јас Мислам дека тој е секогаш фаворит, сѐ додека игра тенис“.

Натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас се игра в петок со почеток од 15 часот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе