Алкарас ќе игра за Тим Европа на Лејвер купот

Шпанецот Карлос Алкарас стана првиот тенисер кој потврди дека ќе учествува на Лејвер купот што ќе се игра во септември 2024 година во Берлин.

Вториот тенисер во светот играњето во главниот град на Германија, каде ќе ги брани боите на Европа против остатокот од светот, го потврди во видео-обраќање преку Instagram.

„Го ценам Бјорн Борг, селекторот на Тим Европа, има доверба во мене. Со нетрпение очекувам да ги вкрстам силите со моите ривали и во сингл и во двојки. За мене е голема чест да ја претставувам Европа во ова натпреварување. Ќе направам сѐ за мојот тим повторно да го освои трофејот на овој турнир. Едвај чекам да слушнам кој ќе му се придружи на мојот тим следниот септември“, изјави 20-годишниот Алкарас.

Шпанецот никогаш не играл во германската престолнина и затоа со нетрпение ја очекува можноста да игра пред германската публика, за која вели дека е прекрасна.

„Возбуден сум што ќе имам можност да играм пред публиката во Берлин и да можам да го истражам градот. Едвај чекам да се видиме следната година“, заклучи второрангираниот тенисер во светот.

URL
реклама

Каде во Скопје денеска ќе нема струја и вода?

Read more

Од сонце, на дожд и снег: Заладување од вторник

Read more

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Еден Азар под истрага

Read more

Тенис

Скандал на Индијан Велс: Ренкер недолично ја допре Рибакина

Read more

Ѓоковиќ брка рекорд на Федерер: Во мене уште гори тој оган

Read more

Вимблдон удри контра Ѓоковиќ

Read more

L'Équipe: Ѓоковиќ одбегнува да даде одговор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Леао бурно реагираше кога Алегри го извади од игра

Читај повеќе

Еден Азар под истрага

Читај повеќе

Дали на Трамп ќе му биде забрането да дојде на Мундијалот?

Читај повеќе

Формула 1 го доби најмладиот возач на пол-позицијата

Читај повеќе

Тудор: Смешно ми е што луѓето мислат дека нов менаџер би ги решил сите проблеми преку ноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер сруши рекорд на Вилт Чемберлејн стар 63 години

Читај повеќе

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс

Читај повеќе