ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Американците ја победија Шпанија во последниот тест пред ЛОИ

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави ја забележа втората победа во подготвителните натпревари за Олимписките игри совладувајќи Шпанија со 83:76 во Лас Вегас.

Ова беше последниот тест за тимот на Грег Попович пред патувањето во Токио, а Шпанија им понуди многу добар отпор во првите три четвртини.

На средина на претпоследната четвртина Шпанците дури водеа и со 6 поени разлика, но американските НБА ѕвезди до крајот се ставија во поголема брзина и го остварија очекуваниот триумф.

Демиен Лилард (Портланд Трејл Блејзерс) постигна 19 поени, а го следеа Келдон Џонсон (Сан Антонио Спарс) со 15, Кевин Дурент (Бруклин Нетс) со 14 и Зак ЛаВин (Чикаго Булс) со 13 поени.

Кај Шпанците најефикасен беше Рики Рубио со 23 поени, а Вили Хернангомес постигна 11.

URL

По двата воведни пораза на подготовките против Нигерија и Австралија, САД се подобрија триумфирајќи над Аргентина и Шпанија.

Дрим Тимот на Олимпијадата во Токио ќе биде во група со Франција, Иран и Чешка.

реклама

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе