Американците се пофалија со нови фотографии од нуклеарниот бомбардер B-21 Raider

Воздухопловните сили на САД и компанијата Northrop Grumman заеднички го претставија стелт нуклеарниот бомбардер B-21 Raider, а сега се објавени две нови фотографии.

Презентацијата се одржа во присуство на поканети гости, додека јавно беше објавена само една фотографија. Меѓутоа, сега американското воено воздухопловство објави уште две нови фотографии од авионот за кој се знае многу малку.

Авионот вреди 692 милиони долари и е познато дека ја заменува американската флота на бомбардери со нуклеарно оружје. Новите фотографии го покажуваат авионот поблиску и појасно.

Според американските воздухопловни сили, B-21 Raider ќе обезбеди „далечни, продорни ударни способности за да се одврати агресијата и стратешките напади против САД, сојузниците и партнерите“. Според тврдењата, B-21 Raider „дефинира нова ера во технологијата и силата на мировната улога на Америка преку одвраќање“.

Новиот бомбардер има најсовремени способности за вештачка интелигенција и е дизајниран да извршува мисии на долг дострел од територијата на САД со минимални барања за полнење гориво. Технологијата за вештачка интелигенција овозможува операции без екипаж.

Две нови фотографии откриваат и дека дизајнот на бомбардерот B-21 Raider е инспириран од дизајнот на бомбардерот B-2 Spirit. Сепак, главната разлика, освен напредната технологија, е и сиво-белата боја која е поефективна од претходната кај авионите B-2. Исто така, B-21 има повеќе закривени прозорци на пилотската кабина за подобро да ги растера рефлектираните радарски сигнали.

Воздухопловните сили на САД ќе купат најмалку 100 бомбардери B-21 Raider, а првиот ќе стапи во употреба во 2027 година. Новите бомбардери се очекува да ги заменат бомбардерите B-18B Lancer и B-2 Spirit до 2040 година, како и B-52 Stratofortress околу 2050 година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе