Англиско финале во Лигата на шампионите

Челси ќе биде противникот на Манчестер Сити во финалето на фудбалската Лига на шампионите. „Сините“ од Лондон вечерва на својот терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во реваншот од полуфиналето на елитното натпреварување и по 1:1 во Мадрид, со вкупни 3:1 се изборија за големото финале.

Стрелци на головите за Челси беа Тимо Вернер во 28. минута и Мејсон Маунт во 85. минута.

Натпреварот кој ќе го промовира новиот европски шампион, кој секако ќе биде од Англија, е закажан за 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Ова ќе биде второ финале во последните три години во кое ќе се соочат два премиерлигаши. Во 2019 година Ливерпул го победи Тотенхем со 2:0.

Воедно, за тренерот на Челси, Томас Тухел, завршниот меч во Истанбул ќе биде второ последователно финале во ЛШ. Германскиот тренер лани не успеа да го освои трофејот предводејќи го Пари Сен-Жермен кој загуби од Баерн Минхен (0:1).

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе