ЛА ЛИГА 2023/2024

Атлетико ги разбуди духовите од Манчестер: Нова седмица за Столе

Филип Здравески
/ 29.08.2023 / 09:13

Тимот на македонската репрезентативна единица имаше кошмарна понеделничка ноќ во Мадрид откако беше понижен со високи 7:0 пред своите гледачи од Атлетико.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше дел од онаа понижувачка јунска вечер во Манчестер кога Македонија го запиша најтешкиот пораз во својата фудбалска историја, губејќи со 7:0 од Англија. Иако тогаш прими дури 7 голови, Столе не беше виновен за ниту еден.

Сега, околу два месеца по тој кошмарен ден, Димитриевски имаше ново непријатно искуство, овој пат со својот клуб Рајо Ваљекано. Тимот кој лани беше пријатно изненадување во Ла Лига сега доживеа тежок дебакл откако прими 7 гола од мадридски Атлетико.

Дека ќе биде лош ден за Столе и Рајо се покажа уште на почетокот. По само две минути игра Атлетико го отвори резултатот кога Родриго де Паул му намести на Антоан Гризман, а овој лесно погоди. Во 16. минута водството го дуплираше Мемфис Депај откако домашната одбрана заспа по додавањето од Саул Њигес во петерецот. На пауза се замина со резултат 0:3 бидејќи во 36. минута погоди и Науел Молина. Атлетико беше во контра, Столе излезе речиси на работ од шестнаесетникот за да го блокира Саул, но овој лесно пласираше низ неговите нозе.

На четвртиот гол се чекаше дури до 73. минута. Гостите изведоа одлична акција која го испрати Алваро Мората еден на еден со Димитриевски, но прелесно го совлада. Шест минути подоцна пукна петардата на „Ваљекас“, а овој пат директен виновник беше Столе. Откако доби топка од свој играч, додаде директно во нозете на Анхел Кореа, па овој со лоб удар ја испрати топката во неговата мрежа.

Во 84. минута втор гол за Мората. Контрата го лансираше по левата страна каде откосо многу лесно го совлада Столе крај подалечната статива. За брзо падна и седмиот гол: во 86. минута и Маркос Љоренте се запиша во листата на стрелци кога налета на одбиена топка и ја протна низ збунетата домашна одбрана во мрежата.

По три кола од новата сезона од Ла Лига ова беше прв пораз за Рајо Ваљекано и воедно први примени голови за Столе, кој на претходните два натпревара ја зачува мрежата незатресена. Против Атлетико нашиот голман имаше 3 одбрани од вкупно 10 удари во рамките на голот.

Рајо е на 8. позиција со 6 бода, додека Атлетико е втор со 7. Во наредното коло Столе и Рајо патуваат во Севиља кај Бетис, додека Атлетико ќе ја пречека Севиља.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе