Балканската мафија е клучна за шверцот на дрога во ЕУ

МИА/КАЈГАНА
/ 21.11.2022 / 19:12

Криминалните мрежи во Западен Балкан станаа клучни актери и на регионалниот и на европскиот пазар на дрога, се посочува во извештајот на Европски центар за следење на дрога и зависност од дрога (EMCDDA).

Извештајот на оваа Агенција покажа дека стратешката географска положба на земјите како Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, во комбинација со големата побарувачка за дрога, особено во Европската Унија и Турција, ги забрзаа операциите на криминалните групи.

„Некои земји од ЕУ се наоѓаат на рутите за шверц на дрога што минуваат низ Западен Балкан пред дрогата повторно да влезе во ЕУ. Ова значи дека тековите на шверц може да бидат сложени“, се вели во извештајот на агенцијата, кој е дел од поголема регионална студија спроведена помеѓу 2019 и 2022 година.

EMCDDA извести за оперативно присуство на групи од Западен Балкан во Белгија и Холандија, каде пристаништата Антверпен и Ротердам се важни за дистрибуција и увоз на дрога во ЕУ. Германија, Италија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство се исто така важни локации за тие групи на пазарите на кокаин, хероин и канабис во Европа, посочува европската Агенција.

Овие мрежи слични на мафија, исто така, имаат најнова достапна технологија за подобрување на ефикасноста на производството на дрога, трговијата и перењето пари, се вели во извештајот. Тоа вклучува комплексна опрема за одгледување во затворени простории, дронови или употреба на криптовалути и шифрирани комуникации.

И Западен Балкан и земјите од ЕУ служат како засолниште за криминалците кои се кријат од ривалските криминални групи или од органите на редот.

„Се смета дека членовите на италијанските и турските криминални мрежи ја избегнуваат правдата засолнувајќи се во Западен Балкан, додека руски криминални организации се смета дека се вклучени во активности за перење пари долж крајбрежјето во регионот“, се истакнува во извештахот на EMCDDA.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе