ЛА ЛИГА 2020/21

Барса пред историски избори, ветувањата на Фонт „веќе видени“

Каталонскиот фудбалски гигант се наоѓа пред историски избори, во време на големи турбуленции во тимот, но и во управата.

Кандидатот за претседател на Барселона Виктор Фонт изјави дека ќе го донесе Чави на позицијата тренер на клубот доколку го добие претседателскиот мандат.

Доколку не го исполни ветувањето, подготвен е да им дозволи на сите сопственици на сезонски билети бесплатно да гледаат домашни натпревари.

Фонт е претседателски кандидат откако Жузеп Марија Бартомеу поднесе оставка. Неговото ветување е скоро идентично со ветувањето на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, кога беше кандидат во 2000 година.

Тогаш Перес објави дека ќе го донесе Луиш Фигу од Барселона во Реал доколку стане претседател, односно дека сопствениците на сезонски билети бесплатно ќе ги следат натпреварите на Реал дома ако не го донесе Фигу.

Перес го исполни ветувањето и Фиго пристигна од Барселона во Реал во контроверзен трансфер.

Фонт користи слично оружје, но Чави неодамна изјави дека е среќен во Катар каде го тренира Ал-Сад.

„Чави ќе дојде во Барселона ако јас станам претседател. Ако тој не дојде, тогаш им ветувам дека на сите сопственици на сезонски билети дека ќе им платам за да ги следат натпреварите“, рече Фонт.

Барселона моментално е на петтото место во Ла Лига со натпревар повеќе и дури осум бода помалку од Атлетико кој е прв.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more
 

Спорт

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе