Бартоли: Ѓоковиќ да беше Американец ќе имаше споменик во секој град

Поранешната шампионка на Вимблдон, Французинката Марион Бартоли, го даде своето мислење за непопуларното тврдење дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер досега.

Статистиката е кристално јасна и јасно ни кажува дека Новак Ѓоковиќ е најуспешниот тенисер на сите времиња. Рекордните 24 Грен слема се најдобар доказ за тоа тврдење.

Сепак, ако ја гледаме популарноста, пред него се неговите двајца најголеми конкуренти Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Токму на оваа тема во емисијата на „RMC“ се занимаваше и поранешната француска тенисерка Марион Бартоли, која работи како тениска аналитичарка.

„Добро знаеме дека да беше Новак Американец, со 24 Грен слема, 39 Мастерси, 6 Завршни турнири, рекорд по број на недели на прво место, оној кој играл најмногу финалиња на Грен слем, би имал статуа во секој град. Ова не е случај само затоа што е Србин. Тоа е многу мала земја со исклучително турбулентна понова историја“, рече Бартоли. Французинката продолжи ласкаво да зборува за Новак.

„Тоа е играч кој се најде на насловните страници минатата година поради апсолутно неверојатен настан. Излезе надвор од спортските страници. Ако играч кој освоил најмногу титули е избркан од земја и пред да замине бил во притвор, да го ставевте во серија на Netflix, не би поверувале“, додава таа.

Бартоли смета дека резултатите на Ѓоковиќ дефинитивно може да се споредат со најголемите спортисти досега, како Мухамед Али и Мајкл Џордан.

„Може ли да влезе во дебатите поради резултатите и фактот дека победуваше во три различни децении? Да, но не во однос на популарноста“, вели Французинката.

Марион Бартоли ја заврши кариерата пред десет години, а може да се пофали дека го освои Вимблдон во 2013 година.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе