ПРВ МАКЕДОНСКИ КАНАБИС ФОРУМ

„Билка“: Бараме бришење на кривичната евиденција на сите уживатели на канабис

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ на денешната прес-конференција образложи дел од своите десет барања и го најави Првиот македонски канабис форум на кој ќе се продискутира состојбата со канабисот во земјава од повеќе аспекти.

Според „Билка“, извршната власт е наглува за нивните барања.

„Канабисот да го препишуваат и лекари од приватното здравство, да се дозволи користење за многу повеќе болести, а не само за ХИВ, канцер, мултиплекс склероза и епилепсија кај деца, како и да се легализира за лична употреба во количина од 50 грама. Да се донесе закон за канабис како лек специјалист во кој ќе се инкорпорираат бројните области што ги тангираат канабисот, пациентите и уживателите, да се основа посебна агенција за канабис или засебно одделение при Бирото за лекови, како и да се формира посебен институт во рамките на Факултетот за земјоделски науки и храна преку измени на Законот за високо образование“, бара „Билка“.

Дел од барањата се и секое правно лице кое ќе отвори фабрика за производство на канабис во земјава, да добие лиценца само ако се обврзе дека дел од производството ќе го пласира тука, на домашниот пазар. Лицемерно и небулозно е, смета Здружението, да се овозможи бизнис со канабис, а притоа граѓаните да немаат никаков бенефит.

„Сакаме да ги повикаме сите политички фактори, невладини организации, активисти и индивидуалци да се приклучат кон оваа здрава иницијатива. Навистина не знам зошто извршната власт останува наглува за нашите барања кои не се нешто неообјективно или нечуено во светот. Премиерот подолго време зборува на оваа тема, но засега не е сработено ништо и многу е дискутабилно што тој подразбира под декриминилизација на канабисот. Еве, сме пуштиле и официјално барање преку приемното одделение на Влада, ако сака да не повика, премиерот може многу лесно да не најде“, истакна претседателот на „Билка“, Јанаки Митровски.

Според него, Здружението има постојан контакт со неколку пратеници од владејачкото мнозинство, но комуникацијата со извршната власт е послаба. Последната реализирана средба е со Љупчо Николовски, во периодот кога тој беше министер за земјоделство. Пред една недела „Билка“ поднела и барање за средба со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, како и со министерот за правда, Бојан Маричиќ.

„Бараме и бришење на кривичната евиденција на сите уживатели на канабис кои се илегално гонети согласно Упатството на Републичкото јавно обвинителство за намера за продажба, легализација на канабисот како нормален тек по неговата декриминализација, дозволено одгледување до десет стебла за медицински цели од лица кои имаат здравствена потреба  која државата ја препознава и до три растенија за рекреативна употреба со задолжителна регистрација од страна на државно тело“, истакна Митровски.

Контролата на секој сегмент поврзан со канабисот, според „Билка“, треба да се префрли од Министерството за здравство на Министерството за земјоделство зашто не се работи за опасна дрога или опасно растение.

„Науката не смее да каска и ние мораме да имаме домицилно научно тело кое ќе истражува. Засега нема ниту едно истражување во земјава иако четири години Законот е легализиран во медициински цели“, напомена Митровски.

„Билка“ бара и инкорпорирање на индустрискиот коноп во законските измени кои се во собраниска процедура, како и поднесување амандмани на предложениот текст со кои ќе се отсtранат, како што оценува, штетните одредби како банкарски гаранции и давање дозвола од страна на Владата за продавање удел.

Првиот македонски канабис форум почнува попладнево, а предвидува неколку онлајн панели: политика во 17:30 часот и медицина во 19:00 часот, додека утре ќе се одржат уште два панела на тема бизнис и човекови права.

 

 

Posted by Билка - Bilka on Friday, October 30, 2020
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе