ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА / ПОЛСКА 2023

Бизарен кикс на судиите на Светското првенство во ракомет

Чиле беше елиминирана од Светското првенство во ракомет со пораз од Црна Гора со 35:33.

Јужноамериканците завршија зад Шпанија, Црна Гора и Иран, а при поразот од Црногорците се случи неверојатен гаф од турските судии Куршад Ердоган и Ибрахим Оздениз.

Чилеанецот Ервин Фојхтман изведуваше удар од седум метри откако се одрази на една нога, што изведувачите редовно го прават, но потоа не шутираше додека едната нога му беше во воздух. Со неа зачекори во линијата од седум метри и постигна гол, кој беше признаен.

Црногорскиот голман: Во животот не сум го видел вакво нешто

Црногорците бараа да се преиспита ситуацијата, но Турците не сакаа да го сторат тоа. Црногорскиот голман Никола Симиќ по натпреварот изјави: „Не знам каде гледаа судиите. Па, тие имаат само една задача кај седмерецот, а тоа е да гледаат дали има престап. Тоа беше важен момент што на крај можеше да го реши натпреварот, но за среќа, победивме. Неверојатно. Во животот не сум го видел вакво нешто“.

Чилеанецот се смееше

Фојхтман, играч на француски Тулуз, се насмеа на тој гол, а на крајот од натпреварот и самиот призна дека голот не требало да биде признаен и им се заблагодари на судиите.

Чиле ќе го продолжи Мундијалот во разигрувањето за пласман на Президентс купот, а во новата група Црна Гора ја чекаат Франција, Словенија и Полска.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе