НБА 2023/2024

Бостон го разби Голден Стејт со 52 разлика, Кари го имаше најлошиот меч во кариерата

Кошаркарите на Бостон Селтикс му го нанесоа еден од најтешките порази во историјата на Голден Стејт Вориорс, а Стеф Кари го одигра најлошиот натпревар во кариерата.

Бостон го победи Голден Стејт со дури 52 поена разлика (140:88) и покажа зошто сезонава е еден од главните кандидати за освојување на шампионската титула во НБА.

Џејлен Браун постигна 29 пени за победничкиот тим, а Џејсон Тејтум уфрли 27 за неговиот 26. роденден.

Кари беше непрепознатлив, а натпреварот го заврши со само 4 поени! Погоди катастрофални 0/9 за три поени, а во игра дури три пати ја промаши целата конструкција на кошот.

„Треба да им дадете почит. Тие излегоа и од првиот момент нѐ уништија. Во суштина, ни го направија она што ние им го правевме на тимовите во минатото“, изјави Кари по средбата.

За Селтикс ова беше 11-та победа во низа.

Remote video URL

Босанецот Јусуф Нуркиќ на мечот против Оклахома Сити Тандер го собори рекордот на Феникс Санс по бројот на скокови на еден натпревар.

Во поразот од Оклахома со 118:110, Нуркиќ забележа дури 31 скок и со тоа постави рекорд на Санс.

Претходниот рекордер беше Тајсон Чендлер, кој имаше 27 скока против Атланта Хокс во 2016 година.

URL

Нуркиќ, кој стана првиот играч во последните 14 години со повеќе од 30 скока во НБА, на феноменалниот скок учинот додаде 14 поени.

Шеј Гилџс-Александер со 25 поени ја предводеше Оклахома Сити до победата, додека Бредли Бил постигна 31 поен за Феникс.

Remote video URL

Резултати:

Далас Маверикс - Филаделфија 76ерс 116:120
Бостон Селтикс - Голден Стејт Вориорс 140:88
Минесота Тимбервулвс - Лос Анџелес Клиперс 88:89
Орландо Меџик - Детроит Пистонс 113:91
Торонто Репторс - Шарлот Хорнетс 111:106
Кливленд Кавалирс - Њујорк Никс 98:107
Сан Антониот Спарс - Индијана Пејсерс 110:118
Феникс Санс - Оклахома Сити Тандер 110:118

Табела:

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кошарка

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе