Цените на нафтата блиску до 79 долари

Цените на нафтата се задржаа стабилно на меѓународните пазари блиску до нивото од 79 долари, бидејќи трговците ги одмеруваа можните прекини во снабдувањето од Блискиот Исток и нестабилната економија што влијае на глобалната побарувачка на нафта.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 27 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 78,83 долари.

На американскиот пазар барелот со датуми на испорака во февруари се тргува по 35 центи повисока цена, по 73,76 долари. Поактивно се тргуваше со барели за испорака во март, по цена повисока за 31 цент и 73,56 долари.

„Утринава пригушеното отворање зборува многу за моменталното расположение на пазарот на сирова нафта, и покрај тековните геополитички конфликти во Европа и на Блискиот Исток“, рече Тони Сајкамор од IG.

Нема знаци на одмор во офанзивата на Израел во палестинскиот Појас Газа и нападите на јеменското движење Ансар Алах врз бродовите поврзани со Израел во Црвеното Море, и покрај воената реакција на САД.

Ансар Алах бара прекин на израелските воени операции и испорака на хуманитарна помош за Палестинците, а САД и Британија одговараат дека со напад на цели во Јемен сакаат да ја заштитат пловидбата на рутата преку која минува до 15 отсто од светската трговија.

Во такви услови, трговците стравуваат од ширење на конфликт, што би го ставило во прашање снабдувањето од Блискиот Исток.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе