Цените на нафтата растат, доларот слабее, на берзите се тргува внимателно

На азиските берзи цените на акциите пораснаа, но тргувањето е претпазливо бидејќи порастот на цената на нафтата може да ги зајакне инфлаторните притисоци, што би ги поттикнало централните банки дополнително да ги зголемат каматните стапки.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, порасна за 0,2 отсто околу 19 часот.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 0,5 отсто. Во Хонгконг, пак, тие паднаа за околу 0,8 отсто.

Така, азиските берзи го следат растот на Волстрит вчера, кога Dow Jones зајакна околу 1, а S&P 500 околу 0,4 отсто. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,3 отсто.

Најмногу вчера поскапеа акциите во енергетскиот сектор, во просек за 4,9 отсто, што е последица на силниот раст на цената на нафтата, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините партнери неочекувано најавија координирано намалување на производството на нафта од мај до крајот на оваа година.

Се проценува дека тоа би можело да ги поттикне цените на сировата нафта до 100 долари за барел. И додека ова е позитивно за енергетските компании, не е за другите сектори.

Имено, инвеститорите стравуваат дека порастот на цените на барелот би можел уште еднаш да го поттикне растот на инфлацијата, што негативно би се одразило на економијата и би ги навело централните банки на дополнително зголемување на каматните стапки.

Неодамнешните макроекономски податоци покажаа дека растот на американската економија постепено забавува, дека инфлациските притисоци се намалуваат и дека пазарот на труд постепено се „лади“.

Тоа ги поддржа надежите дека американската централна банка наскоро би можела да го заврши својот циклус на затегнување, но ако инфлацијата повторно се засили, ФЕД можеби ќе треба дополнително да ги зголеми каматните стапки.

„Одлуката за намалување на производството на нафта може да ја поттикне инфлацијата... и поради тоа, можеме да видиме на пазарот дека апетитот за поризични инвестиции стивна“, објаснува Тери Сандвен, стратег во U.S. Bank Wealth Management.

Австралиската централна банка утринава одлучи да ја остави основната каматна стапка непроменета на 3,60 отсто. Ова е прва пауза во зголемувањето на каматните стапки од страна на банката откако го започна циклусот на затегнување на монетарната политика во април минатата година.

И цената на нафтата порасна втор ден по ред, откако вчера скокна за повеќе од 6 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 0,47 отсто, на 85,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,52 отсто, на 80,85 долари.

На девизните пазари, пак, доларот ослабе. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,05 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 133,40 на 132,35 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0905 долари, додека вчера во ова време беше 1,0790 долари.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе