Челниците на Рома ја загубија довербата: Мурињо доби отказ

Португалскиот стручњак од денеска повеќе не е тренер на Рома, соопштија од клубот од главниот град на Италија, а како причина за раскинувањето на соработката се наведени лошите резултати во тековнава сезона.

„Волчицата“ моментално е на 9-тото место на табелата во Серија А со само 29 освоени бодови од 20 натпревари, што е нешто што не може да ги задоволи челниците на клубот.

„Во име на сите нам во АС Рома му се заблагодаруваме на Жозе за страста и залагањето од неговото доаѓањето во жолто-црвениот тим. Секогаш ќе ги помниме најубавите спомени од неговата работа, но проценивме дека во најдобар интерес на клубот е итна промена. На Жозе и неговите сореаботници им посакуваме сѐ најдобро во иднина“, е пораката на Ден и Рајан Фридкин, американските газди на Рома.

URL

Клубот сѐ уште не објавил кој би можел да биде наследник на славниот Португалец, но италијанските медиуми најавуваат дека тоа би можело да се случи многу брзо, а за најсериозен кандидат го сметаат Даниеле Де Роси, поранешната легенда на клубот.

Инаку, Мурињо ја презеде Рома во мај 2021 година, а една година подоцна со овој тим ја освои Европа конференциската лига во Тирана, што е прв европски трофеј за овој италијански клуб во историјата. Наредената 2023 година за малку не ја освои Лига Европа откако во финалето во Будимпешта загуби од Вест Хем.

URL

Како што се вели, Португалецот, како еден од најдобрите фудбалски тренери во XXI век, нема да има многу проблеми да најде нова работа, бидејќи за него веќе интерес покажале во Челси, на чија клупа седеше со многу успех.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more
 

Спорт

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе