ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Челси го отпушти Лампард, дали доаѓа Тухел?

Лошата форма на „Сините“ го зема цехот, а жртвата е стратегот Френк Лампард. Информациите од Островот говорат дека Челси веќе има устен договор со Томас Тухел.

Челси денеска му врачи отказ на Френк Лампард иако синоќа тој го внесе тимот во четвртфиналето од ФА купот со победата од 3:1 над второлигашот Лутон.

Тимот од „Стемфорд Бриџ“ сезонава е вистинско разочарување во Премиер лигата каде по 19 кола е дури на 9-тото место со 6 порази, 5 нерешени и 8 победи, со 11 бодови заостанување зад лидерот Манчестер Јунајтед. Дека формата на „Сините“ не се поправа показател се и трите пораза во последните пет лигашки натпревари.

Затоа пак во Лигата на шампионите Лампард успеа својот тим да го однесе во нокаут фазата и тоа како првопласиран во групата, без пораз. Сепак, мора да се има предвид и слабата конкуренција со Севиља, Краснодар и Рен.

Порталот Goal тврди дека Роман Абрамович веќе ја има замената за Лампард и тоа во Томас Тухел, кој по заминувањето од ПСЖ е без ангажман. Германскиот стратег лани го однесе ПСЖ до своето прво финале во Лигата на шампионите, а за време на својот престој во Париз двапати ја освои Лиг 1, еднаш Куп де Франс, еднаш Лига купот и двапати Суперкупот. Доби отказ пред точно еден месец, на 24 декември, поради неколку слаби резултати. Предходно со успех ја водеше Борусија од Дортмунд иако освои само еден ДФБ куп. Тренерската кариера ја почна во вториот тим на Аугсбург, а потоа пет години го водеше Маинц каде го тренираше и поранешниот македонски репрезентативец Николче Новески.

Лампард во јули 2019 застана на кормилото на својот поранешен клуб за кој играше 13 сезони. Челси го водеше на 84 натпревари на кои забележа 44 победи, 12 нерешени и 23 порази со 52,4% успех. Не успеа да освои трофеј, а еднаш, во октомври 2019 беше прогласен за тренер на месецот во Премиер лигата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе