Четири знаци говорат дека сте натпросечно интелигентни

Натпросечно интелигентните луѓе имаат слични навики, а постојат четири знаци кои откриваат дека имате натпросечно висока интелигенција.

Според научниците, овие четири знаци сигнализираат дека сте натпросечно интелигентни.

Склони сте на одложување

Професор Адам Грант гледа на одложувањето како на клуч за иновација. Според него, времето кога Стив Џобс ги одложувал работите и размислувал за можностите тоа било добро потрошено време и дозволување да се дојде до различни идеи, за разлика од задоволувањето со најконвенционалното, најочигледното решение.

Науката се сложува со ова. Студија од 2016 година, објавена во Journal of Research in Personality, покажа дека луѓето со високо IQ имаат тенденција повеќе да одложуваат.

Значи, ако нешто одложите само затоа што тоа не ви се прави во моментот, е една работа. Но, ако одложите затоа што мислите дека не сте го пронашле најдоброто решение или најдобрата опција, чекањето да почнете може да биде најпаметен пристап.

Склони сте кон премислување

Без разлика дали го сакате или мразите, не може да го одрекнете фактот дека Џеф Безос е во право. Според него, показател на висока интелигенција е подготвеноста да се премислите.

„Најпаметните луѓе постојано ги преиспитуваат работите, проблемите за кои мислат дека веќе имаат решение. Отворени се за нови гледишта, нови информации, нови идеи, контрадикции и предизвици на сопствен начин на размислување.

Науката се согласува и со ова. Серија експерименти објавени во Harvard Business Review покажуваат дека ако се премислите може да изгледате попаметно. Промената на мислење всушност може да биде попаметно.

„Никој не сака да греши, но јас уживам во тоа што не сум во прави бидејќи тоа значи дека сега сум помалку погрешен отколку што бев претходно“, вели авторот Даниел Канеман.

Сакате да минувате време во самотија

Истражување објавено во 2016 година во British Journal of Personality покажа дека колку повеќе интелигентните луѓе се дружат, толку се понесреќни.

Зошто?

Истражувачите сметаат дека една од можните причини може да биде затоа што сте попаметни, повеќе фокусирани на постигнување долгорочни цели. Ако е тоа случај, минувањето време со пријателите, без разлика колку и да се паметни може да биде повеќе пречка отколку корист.

Ако сакате времето да го минувате сами за да се фокусирате на подобрување на вештини, деловен план или едноставно за да го постигнете посакуваното, не сте самотник. Сметајте дека можеби едноставно сте попаметни од другите.

Ноќна птица

Извршниот директор на Apple, Тим Кук денот го започнува со утринска рутина во 3:45. Извршната директорка на General Motors, Mери Бара на работа доаѓа во 6 часот наутро. Сепак, истражување во Personality and Individual Differences покажа дека така наречените ноќни птици – луѓе кои се чувствуваат повеќе продуктивни до доцните вечерни часови имаат поголема веројатност да имаат и поголема интелигенција.

Истражување објавеново British Medical Journal покажа дека ноќните птици обично имаат подобри работи и заработуваат повисоки приходи од оние кои стануваат рано.

Сепак, тоа не значи дека ако почнете да останувате подолго будни и подоцна се будите автоматски сте попаметни, но носењето свесни одлуки, не рефлексни, туку осмислени и логични за времето за станување кое ќе ви помогне најмногу да постигнете нешто е јасен знак за интелигенција.

реклама

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе