COVID-19: Најмногу заболени во Скопје, епидемијата е под контрола

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. Задолжително е носење маска и држење на растојание од два метра.

Надлежните апелираат и порај попуштањето на мерките, да нема опуштање и да се почитуваат препораките за заштита за да не се доведеме повторно во ситуација да мора да се воведуваат рестрикции.

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 38 заразени лица, а во моментов се активни 470 случаи на заболени од COVID-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сме исправени пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на препораките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки.

– Почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите, се враќа слободното движење, а наскоро ќе се отворат и границите. Се отвораме како што тоа го прават сите земји околу нас и во светот,  посочува Филипче.

Анализите на епидемиолозите потврдиле оти состојбата е стабилна, а досегашната стратегија дала резултат.

– Го заштитивме здравствениот систем и ја одржавме епидемијата под контрола. Тоа беше предуслов да ги олабавиме рестриктивните мерки. Но, мерките за лична заштита остануваат да важат и мора целосно да се почитуваат. Задолжително носење маска или прекривка на устата и носот, одржување физичка дистанца, редовна хигиена и дезинфекција на рацете се мерки кои остануваат дел од нашето секојдневие. Со овие мерки ние продолжуваме понатаму и со нив ќе се заштитиме, порача министерот.

Во моментов најмногу активни случаи на заболени лица има во Скопје – 232 лица, во Куманово се активни 36,  во Штип-19, Прилеп-43, Тетово – 71, Струга – 9, Велес – 31, Битола – 7, Охрид – 8, Гостивар – 4 и Струмица –  1, Неготино – 5, Виница – 1, Кратово- 1 и Свети Николе- 1 активен случај.

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје, што беа регистрирани вчера, се од Сарај (7), Бутел (4), Чаир (3), Аеродром (3), Студеничани (2), Шуто Оризари (2), Гази Баба (1), Кисела Вода (1) и Карпош (1).

Досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања на COVID-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 2.077 заболени од коронавирус, починаа 121, а оздравени се 1.486 лица.

реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе