ЦУК: Апел до граѓаните да не палат стрништа, пасишта и оган при престојот во природа

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во ЦУК, добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на вкупно 22 пожара, а активен е уште е еден: во Општина Македонски Брод, над село Белица, кај месноста Аргулица, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен. За време на викенд има најмногу пожари на отворено, според податоците од изминатите неколку викенди, велат од ЦУК.

„Апелираме до сите земјоделци и сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата, а до граѓаните да се воздржат од палење оган при престојот во природа, како што и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, посочува при неговите апели во јавноста, бидејќи сериозни врнежи нема подолго време и истовремено не се очекуваат барем до понеделник, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури сѐ уште се високи, а пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите.

Пожари, како и другите итни случаи што претставуваат опасност за грѓаните, материјалните и природните добра се пријавуваат на 112 во ЦУК. Неодминливо е да се посочи дека медиумите, според нивното информирање и тематско елаборирање во поглед на поголема безбедност на граѓаните од природни и други катастрофи покажуваат голема општествена одговорност за подигање на општествената свест за индивидуалната и колективна безбедност“, соопшти ЦУК.

Вчерашните изгаснати 21 пожар на отворено, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, отпадоци, а и овошни насади биле на територијата на целата држава.

По еден пожар имало во 13 општини: Шуто Оризари, Чучер-Сандево, Студеничани, Прилеп, Крушево, Чашка, Росоман, Штип, Чешиново-Облешево, Зрновци, Свети Николе, Сарај и Ѓорче Петров.

По два пожара имало во две општини: Долнени и во Старо Нагоричане.

Четири пожари на отворено имало во Општина Куманово, конкретно во населбата Карпош, кај село Черкезе, село Речица и кај Никуљски Пат, каде што горела ниска вегетација и стрниште.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе