Далеку сме од владеење на правото, порача одбраната на обвинетите за „Монструм“ и најави жалби

Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) – Кога беше изречена првата пресуда по овој предмет, кажав дека сме далеку од владеење на правото, сега слободно можам да кажам дека сме уште подалеку и очигледно дека и во Судот и во Обвинителството треба едно добро прочистување, изјави по објавување на пресудата за случајот „Монструм“ адвокатот Насер Рауфи, еден од бранителите на обвинетите.

Одбраната најави жалби по пресудата и по мерките притвор, и порача дека се убедени дека на крај ќе докажат дека обвинетите не се сторители на овој, како што рекоа, грозоморен чин. 

Пресудата, оцени Рауфи се донесе без никакви докази и без да се обрне внимание на одлуката на највиоскиот наш суд – Врховниот суд. 

–  Врховниот суд беше таксативен и кажа дека воопшто нема докази дека ова се сторителите, а и покрај тоа видовте дека со наводно прецизирање на обвинение, каква неправда се направи. Одиме понатаму и како одбрана сме сигурни дека ќе стигнеме до правдата, изјави Рауфи. 

Адвокатот Асмир Алиспахиќ, како бранител на неправосилно осудениот Хаки Азири, рече дека јавните обвинители со овој предмет покажале двојни аршини со предлозите за определување мерка притвор и укажа дека прифаќањето на мерката притвор е само уште една спрега меѓу судството и јавното обвинителство. 

– Да потсетам во својот завршен збор јавните обвинители токму овие казни ги побара. За обвинетиот Хаки Азири помеѓу девет и десет. За обвинетиот Фејзи Азири единствена 15 и три доживотни. Тоа укажува дека уште од почетокот, па до изрекувањето на пресудата имаат договорен, па и во поглед на мерката притвор, изјави Алиспахиќ. 

Нејасно е, посочи тој, зошто се определува мерка притвор за казна што е излежана повеќе од пет години и седум месеци и посочи дека стојат на располагање и други мерки, кои може да се заменат со мерката притвор. 

Еден од членовите на семејството на обвинетите Бедри Ајдари, повика дека нема да се откажат и бегаат, туку дека ќе продолжат да се борат и најави повторно протести во петок. 

Денеска Судот ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.  

За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.  

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, заедно со судијата Осман Шабани и тројца поротници, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Обвинетите Халил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство на Косово и им се судеше во отсуство, а обвинителката Фетаи од Судот побара да им одреди мерка притвор на неправосилно осудените Хаки и Фејзи Азири поради опасност од бегство.

По советување Судот, донесе одлука предлогот на ЈО да се уважи и на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири и Фејзи Азири им се определува мерка притвор до отпочнување на издржување на казната затвор, односно до правосилност на пресудата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе