СЕРИЈА А 2023/2024

Дали голот на Милан против Јуве ќе го чува 40-годишен ветеран?

Необична ситуација му се случи на Милан пред големото дерби против Јувентус, па дури третата опција ќе биде на голот во еден од најважните натпревари во сезоната.

Неприкосновениот владетел на стативите во миланскиот тим Мајк Мењан доби црвен картон на дуелот против Џеноа и нема да биде на следното дерби против Јувентус.

Со оглед на тоа што Стефано Пиоли ги направи сите пет измени, еден од играчите мораше да застане на голот, а тоа беше Оливје Жиру, кој на тој натпревар стана неочекуван херој на Милан и подоцна беше избран за најдобар голман во последното коло од Серија А.

Поради отсуството на Мењан, се очекуваше меѓу стативите да биде неговата замена Марко Спортиело.

Спортиело беше донесен минатото лето токму поради оваа причина, за Росонерите да имаат резервна опција за честите повреди на Мењан и евентуалните суспензии. Но, овој повремен италијански репрезентативец се повреди на тренинг.

За време на репрезентативната пауза, Спортиело заработи повреда на мускулот, па ќе отсуствува околу две недели и нема да може да брани против Јувентус. Затоа, меѓу стативите ќе се најде сосема неочекувано име.

Ветеранот Антонио Миранте (40) ќе брани за Милан на ваков важен натпревар.

URL

Она што уште повеќе ги загрижува навивачите на Милан е тоа што Миранте забележа само еден настап во последните три години, кога во игра влезе во самиот финиш на мечот против Верона во јуни годинава наместо Мењан.

Интересно, Миранте е „дете на Јувентус“ и токму во овој клуб дебитираше во 2004 година. Сега ќе брани против својот матичен клуб, што не влева доверба кај навивачите на Милан. Исто така, на мечот закажан за 22 октомври во игра нема да биде суспендираниот Тео Ернандес, додека некои играчи се под знак прашалник поради повреди.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе