Дали треба да пиете вода додека вежбате?

А.С.
/ 02.07.2023 / 12:50

Секојдневното пиење вода е неопходно за функционирање на организмот. Водата е особено важна за оние кои вежбаат бидејќи се губаттечности преку потта, па затоа треба да се надополни. Но, дали е здраво да се пие вода за време на вежбањето?

Експертите наведуваат дека е неопходно да се пие вода пред, за време на тренингот и потоа.

Човечкото тело се состои од повеќе од 70 проценти вода, а без соодветна хидратација секој ден, телото не може да функционира.

Недоволната количина на вода може да предизвика многу здравствени проблеми како што се дехидратација, камења во бубрезите и проблеми со варењето. Водата помага во одржување на нормалната телесна температура и обезбедува заштита на 'рбетот и ткивата.

За време на вежбањето, водата помага во одржување на концентрацијата на гликоза во крвта и го подобрува времето на закрепнување. Затоа, спортистите треба да бидат добро хидратирани пред вежбање и да пијат доволно течности за време на  по вежбањето за да се балансира загубата на вода, истакнуваат експертите.

Најдобар начин да проверите дали пиете доволно вода дневно е да внимавате на бојата на урината. Ако бојата е светложолта или безбојна, тоа значи дека имате доволно вода во телото, но ако бојата е темножолта или килибарна, тоа е показател дека веднаш треба да почнете да пиете повеќе вода.

Тагови
реклама

Фит

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more
 

Магазин

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Читај повеќе

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе