Дали витаминот Д може да ја спречи или ублажи болеста COVID-19?

Постојат многу мислења за тоа како да се лечи COVID-19 - од употреба на хидрохлорид, преку лекот ивермектин, до витамин Д.

Сите опции се истражуваат по вообичаениот научен процес, но експертите предупредуваат дека предвремените заклучоци можат да создадат конфузија и да доведат до ширење на теории на заговор, пишува BBC.

Сепак, постојат докази дека витаминот Д може да биде корисен во превенција од коронавирусот.

Овој витамин е важен дел од човечкиот имунолошки систем, затоа оваа зима имаше препораки во Обединетото Кралство сите да го земаат како додаток во исхраната за време на постудениот период, додека на оние со поголем ризик од заболување им се препорачува да го земаат витаминот Д  во текот на целата година.

И во научната заедница, и во јавноста многу се зборуваше за лековитите својства на витаминот Д и колкаво е неговото дејство.

Бројни студии покажаа дека витаминот Д може да има позитивни ефекти во спречување на вирусот, но и кај веќе заболени пациенти. Како и за многу други суплементи, нови истражувања секогаш се добредојдени.  Првите студии навистина покажуваат дека одредени групи на луѓе кои имале недостаток на витамин Д во организмот биле поподложни на вирусот, особено постарите и луѓето со прекумерна дебелина. Можно е, пишува BBC, тоа да е причината зошто овие групи се повеќе изложени на ризик од коронавирус, но подложноста на заразување зависи и од низа други здравствени и еколошки фактори.

Според истражувањето на Универзитетот во Барселона, земањето витамин Д за 80 проценти ја намалило стапката на хоспитализација во единиците за интензивна нега, а веројатноста за смртен исход била намалена за 60 проценти.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе