Дани Алвес уапсен за сексуален напад

Дани Алвес (39) е уапсен во полициската станица во Барселона, каде дошол да даде изјава бидејќи девојка го обвинила дека сексуално ја нападнал лани на 30 декември во ноќен клуб.

Шпанските медиуми пишуваат дека со полициско возило бил однесен кај истражниот судија, кој ќе одлучи што ќе биде со Алвес, поконкретно дали ќе оди во притвор или ќе се брани од слобода.

Инцидентот се случил во клубот во мугрите во петокот на 30 декември, а вознемирената девојка веднаш ги повикала обезбедувањето. Во полициската изјава таа навела дека Бразилецот без нејзина согласност и ја ставил раката во гаќичките, од што се обидела да се одбрани.

Адвокатскиот тим на Дани Алвес ги демантираше овие наводи, истакнувајќи дека бразилскиот фудбалер бил многу кратко во тој ноќен клуб и дека нема никаква врска со споменатиот настан. Каталонската полиција отвори истрага откако доби пријава за наводен сексуален напад.

Алвес ги негира сите обвинувања. Тој е во брак од 2017 година, а во моментот на наводниот напад дошол во Барселона на погребот на мајката на сопругата.

„Бев на тоа место со многу луѓе кои уживаа во настанот, но без да влезам во нечиј простор. Многу ми е жал, но не знам која е таа дама“, рече Алвес, икона на Севиља, Барселона и на бразилската репрезентација и најодликуваниот фудбалер во историјата.

Во кариерата освои дури 43 трофеи, што го прави најтрофејниот фудбалер досега. Во Барселона играше од 2008 до 2016 година и во сезоната 2021/22, а моментално е член на мексиканскиот УНАМ. Тој беше со Бразил на Светското првенство во Катар.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе