Даниловски: Добро е што смртноста не оди во нагорен тренд, очекувам да почне да опаѓа бројот на починати

За епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски, вчерашниот рекорден број на 46 починати, претставува една вообичаена статистичка варијација, а просекот на починати во изминатата недела е околу 30 дневно.

– За среќа нема нагорен тренд, туку тој просек има рамен тренд. Се надевам дека наскоро ќе помине и во надолен тренд. Тоа нема да се случи преку ноќ и, се разбира, ако не се случат некои епидемиолошки ризични настани, кои можат да ја сменат таа тенденција, изјави Даниловски вечерва за телевизија „Сител“.

Тој изрази загриженост за она што не очекува во јануари, по новогодишните и божикните празници.

-Идеално би било кога граѓаните би можеле празниците да ги прослават со најблиските, без одење на гости и без примање на луѓе дома. Но, не верувам дека граѓаните ќе ги послушаат советите на епидемиолозите. Така што, да почекаме да видиме што ќе се случи во јануари, вели епидемиологот, кој смета дека е добар примерот на Германија, каде учениците ќе бидат распуштени на средината на месецот, пред да почнат празниците, за да не се згуснат социјалните контакти во исто време.

Во однос на употребата на лекот ивермектин, професорот рече дека тој е стар и евтин лек, кој се покажал ефикасен во лекувањето на Ковид-19.

-Ивермектинот се користи од март во Австралија, во Нов Зеланд, во источните земји. Ако ги погледнеме бројките на смртноста, ќе видиме дека секаде каде што се употребувал ивермектин, смртноста е помала, рече проф. д-р Даниловски.

Лекот кај нас се употребува за лечење животни, во прашкаста форма. Професорот се надева дека ивермектинот, во таблетарна форма, наменет за луѓе ќе почне набрзо да се употребува и кај нас. Тој истакна дека лекот, освен што помага при лекување на болните од Ковид-19, дејствува и профилактичко.

-Луѓе кои се изложени на инфекција, на пример, здравствените работници, ако го земаат додека се здрави, тие не се инфицираат од коронавирусот. Пред една недела имавме драматичен апел од тројца светски здравствени авторитети од Алијансата на работници од првата линија за критична нега на болни од ковид-19, кои работат во интензивна нега, кои побараа ивермектинот да се употребува за профилакса и за Ковид-19, нагласи професорот.

Тој смета дека ивермектинот ќе биде една пресвртница во третманот на ковид пациентите.

Во однос на антиваксерите кои водат кампања против вакцината за Ковид-19, проф. д-р Даниловски вели дека нив никој не може да им го смени мислењето и покрај тоа што, нивните тврдења не се научно докажани.

-Постои во психологијата еден феномен, Данинг-Кругеров ефект, кој значи тој што е убеден во нешто, иако не поседува доволно зн

аење од таа област, едноставно тврдоглаво останува на ставот и тоа не може да се измени. Поради таа кампања против вакцината, јас не сум оптимист дека вакцинирањето ќе оди лесно, вели професорот. Според него, ако на природен начин оди болеста, некаде кон крајот на март ќе имаме колективен имунитет, така што, вакцината нема да биде потребна.

-Но, пожелно би било да се вакцинираат ризичните групи, здравствените работници, полицијата, вработените во старските домови, смета проф. д-р Даниловски. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе