Студија спроведена во универзитетската болница во Лозана, Швајцарија потврди дека помалите деца можат да забележат како некои луѓе се чувствуваат дури и кога носат заштитна маска на лицето.
Откако родителите изразиле загриженост за емотивниот развој на децата во текот на пандемијата на коронавирус, истражувачи одлучиле да спроведат истражување кое би ја решило дилемата дали децата може да сфатат како другите се чувствуваат и покрај тоа што носат маска на лицето.
За оваа студија истражувачите покажале 90 фотографии на деца, поточно на 300 деца на возраст од 3 до 6 години. Фотографиите прикажувале актери кои изразувале радост, лутина или тага, а на половина од фотографиите актерите носеле маски.
Од децата било побарано да ги именуваат емоциите, да покажат на картичка емотикон кој ја покажува таа емоција, да кажат дали го знаат одговорот или да се откажат од експериментот.
Децата за повеќето имале точни одговори и успеале да ги ускладат емоциите без разлика дали актерите носеле маска или не. Точно ја погодиле вистинската емоција во повеќе од 70% од случаите кога актерите на фотографиите биле без маска и повеќе од 67% во случаите кога носеле маска.
Колку поголеми биле децата, толку поточни им биле одговорите.