Депресијата различно се манифестира кај мажите, препознајте ги симптомите

Депресијата кај мажите е поретка дијагноза отколку кај жените. Можна причина за тоа е токму незнаењето дека има сосем поинакви симптоми.

Концептот „машка депресија“ во стручните кругови е развиен дури во последниве години. Се претпоставува дека кај мажите одредени знаци често ги прикриваат вообичаените, добро познати симптоми на депресија.

Кај двата пола симптомите како депресивно расположение, губење на интерес и радост,  чувство на вина, намалена самопочит, песимизам, самоубиствени мисли или постапки, нарушувања на сонот и намален апетит можат да укажат на депресија, но кај мажите исто така се забележува честа раздразливост, агресивност и ризично или зависно однесување.

Според последната статистика, во Австрија околу 730.000 луѓе живеат со депресија, а од нив 264.000 се мажи. Факт е дека мажите веројатно нема да добијат дијагноза за депресија бидејќи поретко бараат медицинска помош, за разлика од жените.

Според истражувањата, и хормоните имаат важна улога. Ризиците за појава на депресија се различни. Додека меѓучовечките конфликти го зголемуваат ризикот од депресија кај жените, кај мажите тоа се раскинувања на љубовни врски, разводи и проблеми.

Според студија од 2017 година на Медицинскиот универзитет во Виена во текот на една година, 7,4% од мажите и 12,6% од жените во Австрија страдаат од депресија.

„Сосема е нормално и здраво на кризата да реагираме со страв, загриженост или песимизам. Но, ако симптомите се присутни најмалку неколку недели и се многу силни, треба да се разгледа дали станува збор за психичка болест“, објаснува Јохан Ванката, шеф на Одделот за социјална психијатрија на Универзитетската клиника за психијатрија и психотерапија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе