Девојка тврди дека е Меделин Мекен, која исчезна во 2007 година

Јулија Ванделт е 21-годишна девојка од Полска која тврди дека можеби е Медлин Мекен, девојче од Велика Британија кое исчезна додека беше на одмор со своето семејство во Португалија во 2007 година.

Јулија го привлече вниманието на медиумите откако креираше профил на Instagram со корисничко име Iammadeleinemccann, тврдејќи дека има пега на ногата и дамка во окото на истите места како и Меделин и дека личи на родителите на Меделин.

Таа исто така изјавила дека била во контакт со семејството на Меделин и се надева дека ќе направи ДНК тест за да ги докаже нејзините тврдења.

Сепак, властите сметаат дека немаат докази кои сугерираат дека Меделин е сè уште жива.

Меделин Мекен е мртва, но не знаеме каде е телото - тврди германски обвинител

Семејството на Меделин Мекен, наводно, побарало ДНК тест за Ванделт, откако таа стана популарна на социјалните мрежи, по тврдењата што ги изнела на нејзиниот Instagram, пишува шпанскиот весник Marca.

Член на семејството Мекен наводно понудил да направи ДНК тест како одговор на тврдењата на Јулија Ванделт дека таа е Меделин Мекен. Јулија изрази желба директно да контактира со родителите на Меделин во блиска иднина.

Таа тврди дека почнала да го преиспитува нејзиниот идентитет пред неколку месеци откако наслушнала нешто што рекла баба ѝ. Иако тврди дека има 21 година, таа смета дека нејзината возраст можеби не е точна.

Потсетуваме дека Медеин Мек имаше три години кога исчезна во Праја да Луз во Алгарве во мај 2007 година, по што случајот привлече меѓународно внимание.

Истраги беа покренати неколку пати, но овој случај останува нерешен.

Меделин Мекен најверојатно била убиена набрзо по грабнувањето

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе