Засега нема сличен случај

Девојката со тромбоцитна реакција на вакцината AstraZeneca е вон животна опасност

Девојката кај која се појави тромбоцитна реакција по вакцинацијата со AstraZeneca се чувствува добро, има добра клиничка слика, стабилна е и вон животна опасност, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Засега, потврди, нема друг ваков случај во земјава.

Министерот повтори и дека за AstraZeneca ќе се чека официјалниот став на Европската агенција за лекови (ЕМА), а во меѓувреме, продолжува имунизацијата на повозрасните категории граѓани со оваа вакцина.

– Ние бевме многу внимателни и се уште сме. По укажувањето на германската агенција и канадската дека има такви случаи со што го паузираа давањето на ова вакцина на „Астра Зенека“ на помлади возрасни групи, чекаме официјален став од ЕМА која следната недела треба да има и официјален состанок и ќе го почекаме тој став заради тоа што сигурноста на пациентите односно на граѓаните ни е на прво место. Многу е веројатно дека ќе се докаже тоа дека асполутно ризикот да се заболи од тешка форма на КОВИД е многу поголем отколку компликациите што се јавуваат од вакцината што значи дека вакцината ќе се препорача и за помладата категорија граѓани, но додека не го добиеме тој официјален став на ЕМА, нема да брзаме, истакна Филипче.

Според него, вработените во МВР, Армијата и други институции каде има голема фреквенција на контакти ќе се вакцинираат со Sputnik V.

Смртноста, рече Филипче, е секаде голема, а станува збор за случаи на кои, и покрај сите преземени мерки и целокупната терапија, едноставно не може да им се помогне.

-Се јавуваат промени на белите дробови какви што за жал ретко се гледаат. Вирусот е таков, многу е агресивен и тоа сега пратиме. Буквално се случува во секоја една од околните земји со кои има логика да се споредуваме, согласно населението, бројот на новозаразени. Има земји со поголема смртност, многу повеќе десетици смртни случаи. Станува збор за силен бран, за мутација на вирусот која очигледно се манифестира како што се манифестира сега. Протоколите се еднакви, нема никаква промена во однос на оваа мутација на вирусот во однос на она што беше претходно. Нема специфична терапија само за вирусот, само за болеста. Станува збор за комбинација на повеќе лекови, терапии согласно возраста, клиничката слика, евентуалното постоење хронични болести. Секој пациент се разгледува индивидуално, посочи Филипче.

Кажа дека се мобилизирани буквално сите.

-Специјализантите се повлекоа по потреба и од клиниките, меѓутоа потребни се и таму. Во секојдневна комуникација правиме прераспределба и на кадарот. Сега доаѓа нова група лекари кои добија лиценца, тие треба скоро да почнат исто како што се случи со патронажните сестри. И тие ќе бидат појачување. Тоа е група од близу стотина доктори на територијата на цела држава, истакна министерот за здравство. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе