Кошаркарите на Мајами Хит поведоа со 1:0 во финалната серија на Источната конференција против тимот на Бостон Селтикс.
Мајами на домашен терен во „ЕфТиЕкс“ арената славеше со резултат 118:107 и со победа ја започна финалната серија благодарение на феноменалниот Џими Батлер.
Батлер беше исклучително расположен, постигна дури 41 поен со 9 скока и 5 асистенции и го предводеше својот тим до триумф.
На другата страна единствени расположени за игра беа Џејсон Тејтум кој постигна 29 поени, 8 скока и 6 асистенции и Џејлен Браун кој запиша дабл-дабл учинок со 24 поени и 10 скокови.
Следниот натпревар од сертијата подобар од 7 се игра ноќта од четврток кон петок, исто така во Мајами.
Ноќва од 3 часот по македонско време почнува и финалната серија на Западот каде во Сан Франциско се среќаваат Голден Стејт Вориорс и Далас Маверикс.