Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

На берзите во Јапонија и Австралија цените на акциите пораснаа, како и вчера на Волстрит, додека на другите пазари се тргува внимателно бидејќи нема вести за охрабрување на инвеститорите.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион беше околу 7 часа речиси непроменет во однос на вчерашниот ден. Во исто време, јапонскиот индекс Никеи скокна за 1,6 отсто, а цените на акциите во Австралија исто така силно пораснаа, околу 1 отсто. Во Шангај, Хонг Конг и Јужна Кореја тие паднаа меѓу 0,2 и 0,6 отсто.

Вчера цените на акциите значително пораснаа на кинеските берзи, откако кинеската влада соопшти дека во вториот квартал растот на бруто домашниот производ (БДП) ќе биде повисок од првиот и дека растот оваа година би можел да биде околу целното ниво од 5 проценти. Сепак, инвеститорите утринава ги потресе фактот што вкупниот профит на кинеските индустриски компании во првите пет месеци од оваа година падна за речиси 19 отсто во споредба со истиот период лани.

Додуша, ова е помал пад во однос на претходните месеци, но сепак не покажува дека растот на кинеската економија значително се забрзува. Освен тоа, медиумите пишуваат дека американските власти би можеле да воведат нови ограничувања за извоз на чипови со вештачка интелигенција во кинески компании.

Во Јапонија и Австралија, пак, цените на акциите значително пораснаа, по вчерашниот раст на Волстрит, кога Dow Jones зајакна 0,6 отсто, додека S&P 500 порасна за 1,15 отсто, а Nasdaq индексот за 1,65 отсто.

А на девизните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошницата со валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,55 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,77 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 143,45 на 143,80 јени. Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0950 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0905 долари.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,37 отсто, на 72,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,32 отсто, на 67,90 долари.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе