Џорџа Мелони: Нелегалниот прилив на мигранти им штети на сите во Медитеранот

Нелегалниот прилив на мигранти им штети на сите земји во Медитеранот, изјави вчера италијанската премиерка Џорџа Мелони, која се обидува да создаде широк сојуз на земји во борбата против трговијата со луѓе.

Обидувајќи се да ја ублажи својата претходна тврдокорна реторика, Мелони на меѓународна конференција во Рим рече дека нејзината влада е отворена да прими поголем број мигранти, но преку легални канали, бидејќи „и на Европа и на Италија им е потребна имиграцијата“.

Таа нагласи дека треба да се направи повеќе за да се спречат мигрантите да се обидат да ја минат опасната медитеранска рута на нелегални начини.

„Масовната нелегална имиграција ни штети на сите нас. Никој нема корист од тоа, освен криминалните групи кои се збогатуваат на сметка на најранливите и ја користат својата моќ дури и против владите“, рече таа.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја повтори и ја истакна изјавата на Џорџија Мелони за легалните патишта за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ. ЕУ и Тунис, главната појдовна точка за мигрантите, потпишаа договор за „стратешко партнерство“ минатата недела, кој вклучува и клаузула за борба против трговците со луѓе и за заострување на граничните мерки.

Европа му вети на Тунис, чија економија е во лоша состојба, помош во износ од една милијарда евра, а дополнителни 100 милиони евра се наменети за борба против илегалната миграција.

„Сакаме нашиот договор со Тунис да стане образец. План за иднината за партнерства со другите земји во регионот“, рече Фон дер Лејен на конференцијата.

И папата Франциск, обраќајќи им се на верниците и туристите собрани на плоштадот Свети Петар во неделата ги повика европските и африканските влади да им помогнат на мигрантите заробени во пустинските области на Северна Африка и да гарантираат дека Медитеранот никогаш повеќе нема да биде „сцена на смртта“ за сите оние кои се обидуваат да ја поминат медитеранската рута.

Домаќинот на конференцијата, Италија, постојано се бори со бројните илегални мигранти кои стигнуваат до италијанските брегови во прифатните центри како што е најјужниот италијански остров Лампедуза. Во исто време, населението на Италија старее, а бројот на раѓања се намалува, па дополнителна работна сила би била корисна за да ѝ помогне на економијата на земјата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе