СЕРИЈА А 2021/22

Два проблема кои стојат на патот на Милан до Скудетото

Сонот на Милан за титулата во Калчото може лесно да се сруши доколку тимот на Стефано Пиоли не ги реши двата проблема кои му тежат: тешкотијата на постигнување голови против бункер одбрана и губењето бодови со таканаречените мали екипи.

Предноста на Милан во однос на Наполи и Интер синоќа се стопи откако „Росонерите“ одиграа без голови на домашен терен против Болоња, натпревар на кој важеа за големи фаворити.

Табелата во Серија А сега вели дека Милан е прв со 67 бода, еден повеќе од Наполи кој има 66 и три повеќе од Интер кој има 63, но „Нераѕурите“ имаат и натпревар помалку.

Синоќа Милан имаше вкупно 33 обиди кон голот на Болоња, но и покрај таквата офанзива не успеа да постигне ниту еден гол. Ова е и неславен рекорд за „Росонерите“ во Серија А, барем откако Opta почна да собира вакви податоци од сезоната 2004/05.

URL

Не е проблем само синоќешниот натпревар, бидејќи се чини дека мачењето во офанзивата го прати Милан веќе некое време. Земајќи го и претходниот натпревар со Каљари, „Росонерите“ имаа вкупно 54 обиди, а постигнаа само 1 гол (го совладаа Каљари со 1:0).

Тоа не само што ги одразува проблемите во нападот, туку на Пиоли му покажува и друг проблем - Милан не знае да го скрши отпорот на „малите“ тимови кога се бранат со десетмина.

Сезонава Милан изгуби вкупно 14 бодови во битките со малите екипи. Гигантот од Милано двапати беше сопрен од Удинезе, загиби од Специја, одигра нерешено на гости кај Салернитана, а сега дојде неуспехот и со Болоња.

Само за споредба, Милан постигна далреку подобри резултати во дуелите со силните тимови: На Интер му зеде 4 бода (победа и реми), 3 на Наполи (пораз и победа), двапати одигра нерешено со Јуве, на Рома ѝ седе 6 бода (ја победи и дома и на гости),  а ги совлада и Аталанта и Лацио.

Ако на крајот Милан не стигне до титулата, причината ќе бидат токму овие два проблема за кои Пиоли никако не успева да пронајде решение.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе