ФИБА ЕВРОЛИГА 2021/22

Ефес и Реал Мадрид изборија финале во Евролигата

Во финалето на најдобрата кошаркарска лига на Стариот континент сезонава ќе се сретнат турски Анадолу Ефес и шпански Реал Мадрид откако синоќа во Белград славеа над своите противници.

Првиот полуфинален натпревар беше егејско дерби меѓу грчки Олимпиакос и турски Анадолу Ефес, а по голема драма славеше клубот од Истанбул со 77:74, кој всушност е и бранител на тронот.

Натпреварот беше решен во последните секунди, а херој на Ефес е српскиот кошаркар Василије Мичиќ, кој погоди тројка. Мициќ ја задржа топката до последната секунда и погоди тројка за Грците да немаат шанса да се обидат да израмнат.

Најефикасен во победничкиот тим беше Шејн Ларкин со 21 поен, а Елајџа Брајант додаде 16. Кај Олимпиакос Шекил МекКисик постигна 11.

Remote video URL

Второто полуфинале го донесе големото Ел Класико и дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона. И тука видовме голема драма, а на крајот Реал се радуваше на победата со резултат 86:83.

Херој беше Фабјан Козер кој врза 5 поени во последната минута и го донесе Реал во финалето на Евролигата.

Никола Миротиќ беше најефикасен на натпреварот со дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скока, но тоа не беше доволно за Барселона.

Од друга страна, споменатиот Козер постигна 18 поени, исто колку и Гершон Јабуселе, кои го предводеа Реал до триумфот.

Remote video URL

Финалето на Евролигата е закажано за в сабота од 19 часот во белградската „Штарк Арена“, а ќе се сретнат Анадолу Ефес и Реал Мадрид. За турскиот клуб ова ќе биде 9-то финале, а ќе го брка четвртиот пехар, додека рекордерот Реал по 19-ти пат ќе игра финале и ќе ја брка 11-тата титула.

Тагови
реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе