Еколошка убавица: Јахта покриена со соларни панели е новиот луксуз

Кога се во прашање јахтите, иднината е во самоодржливоста, а еден таков пример презентираше дизајнерот Марко Касали.

Станува збор за концепт на суперјахта која е еколошки прифатлива поморска убавица. Долга е 57 метри и има голем број современи решенија, меѓу кои и „чиста“ енергија. Нејзиното име е VisionE, што значи „визија“ и ја претставува еволуцијата во светот на јахтите.

Она што може да се забележи на прв поглед е базенот кој овозможува пливање со поглед на море, а целата горна палуба е покриена со соларни панели. Јахтата е дизајнирана и со подвижен соларен покрив кој кога ќе се отвори открива палуба од 487 квадратни метри за уживање и релаксација.

Соларните панели можат да соберат до 62 kW сончева енергија и да ја складираат во голема батерија. После тоа, таа батерија ја напојува јахтата.

Но, јахтата не мора да користи сончева енергија бидејќи има и хибриден дизел-електричен систем. Неговата максимална брзина се проценува на 14 јазли. Постои и опција јахтата еден ден да користи само чиста енергија, вклучително и водород. Јахтата ќе може да плови во плитки води до 2,6 метри.

Јахтата има седум кабини со балкони кои овозможуваат директен пристап до морето, а денес не постои јахта што може да им го понуди ова на сите гости. Оваа опција обично ја нуди само главната кабина.

Покрај наведеното, јахтата има и базен или кошаркарско игралиште, а ќе служи и како кино на отворено. Гостите ќе можат да уживаат и во големо џакузи.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе