СЕРИЈА А 2019/20

Елмас го победи Несторовски, важен триумф за Пандев

Филип Здравески
/ 20.07.2020 / 08:51

Сите наши „Италијанци“ настапија за своите клубови синоќа, а двајца се радуваа на победи.

Стефано Стураро, Горан Пандев и Антонио Санабрија по првиот гол

Наполи на Елиф Елмас го пречека Удинезе на Илија Несторовски. Елмас почна од клупата, додека Иле ги одигра комплетните 90 минути за гостите кои први поведоа во 22. минута преку Родриго де Паул. Наполи израмни во 31. минута преку штотуку влезениот Аркадиуш Милик кој го замени повредениот Дрис Мертенс.

На десет  инути пред крајот Елмас влезе во игра на местото на Фабијан Руис. Неговиот тим во 4. минута од судиското надополнување со одличниот удар на Матео Политано ја однесе победата. Елмас и Несторовски околу петнаесетина минути играа еден против друг.

Remote video URL

Горан Пандев и неговата Џеноа играа вистинско дерби за опстанкот против директниот конкурент Лече. Уште во 7. минута Пандев одлично го пронајде Антонио Санабрија во гостинскиот шестнаесетник и овој ја затресе мрежата на Лече.

Во надополнувањето од првиот дел Пандев загуби една топка по што Лече тргна во контра која резултираше со прекршок за пенал. Капитенот Марко Манкозу не ја искористи приликата шутирајќи над голот. Лече сепак дојде до израмнување во 60. минута токму преку Манкозу.

На 9 минути пред крајот резервистот Филип Јагјело упати удар од работ на шестнаесетникот, Пандев се помести за да не ја допре топката која заврши во стативата, а од неа во рамото на паднатиот голман Габриел и назад во гостинската мрежа. Тимот на Пандев со среќен автогол освои големи три бода со кои сега има разлика од 4 бодови во однос на Лече кој остана на последното место кое води во Серија Би.

Remote video URL

Дербито на денот се одигра на „Олимпико“ во Рим каде Рома и Интер ги поделија бодовите играјќи 2:2. Интер поведе преку Стефан де Врај во 15. минута кога со глава ја затресе домашната мрежа. Во надополнувањето Леонардо Спинацола израмни на 1:1, а во 57. минута домаќините дојдоа до пресврт преку Хенрих Мхитарјан. Интер спаси бод од белата точка на две минути до крајот кога сигурен реализатор беше Ромелу Лукаку.

Remote video URL

Вечерва од 21:45 часот се игра дербито на колото помеѓу Јувентус и Лацио.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе