УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2021/22

Елмас: Ни сам не знам која е мојата најдобра позиција на теренот

Елиф Елмас синоќа имаше маестрална партија во дресот на Наполи постигнувајќи два гола во мрежата на Лестер за победа од 3:2.

Наполи мораше да победи на домашен терен против премиерлигашот за да продолжи понатаму во Лига Европа. Нашиот репрезентативец почна од почеток и во 24. минута погоди за водство од 2:0 по несебична асистенција од Андреа Петања. Брзо потоа „Лисиците“ со два гола израмнија и се вратија во игра, но осум минути по паузата Елмас го постигна голот за 3:2, кој се покажа и решавачки.

„Ова беше важна ноќ за нас, задоволен сум за головите, но уште повеќе поради пласманот во наредната фаза. Очекуваме уште подобри резултати. Завршивме добра работа, имаме карактер и сите сме подготвени за игра“, рече Елмас говорејќи за Sky Sport.

Запрашан за тоа што им рекол тренерот Лучано Спалети пред натпреварот, тој одговори:

„Пред натпреварот ни рече дека сме силен тим и дека мораме да на терен да ја покажеме нашата сила. Успеавме во тоа и победивме, го направивме она што го побара од нас“.

Новинарот на Sky Sport го праша и која е неговата улога на теренот, со оглед на тоа што Елмас често менува позиции, речиси на секој натпревар игра на различно место, како и во текот на натпреварите, па никој не знае која е всушност неговата улога во тимот на Спалети. Македонскиот репрезентативец откри дека ни самиот не знае.

„Ова е навистина тешко прашање. Не би знаел. Каде што ќе ме постави тренерот се обидувам да го дадам најдоброто. Го правам она што ми кажува да го направам, јас само пробувам да му помогнам на мојот тим. Но, навистина е тешко прашање, ниту јас не знам која е мојата најдобра позиција на теренот“.

На крајот, неминовно беше спомнувањето и на баражот за пласман на Мундијалот во Катар во кој Италија ќе игра против Македонија.

„Сигурно ќе биде тежок натпревар за двете репрезентации. Останува да видиме како ќе заврши“, не сакаше Елмас многу да дискутира на таа тема, особено што сѐ уште е неизвесно дали тој воопшто ќе може да игра бидејќи според правилата треба токму на тој напревар да одлежи суспензија поради жолти картони.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more
 

Спорт

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе