Ерлинг во свилени пижами ја славеше шампионската титула со Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити во неделата по победата против Челси ја прославија третата последователна титула на шампионот на Англија, а за време на забавата посебно привлече изгледот на првиот голгетер на тимот Ерлинг Холанд, кој на прославата дојде во свилени пижами.

По последниот судиски свиреж и победата од 1:0 против Челси, на „Етихад“ имаше големо славје и се прослави официјалната титула, а потоа следуваше забава во клубот MNKY HSE, каде беше присутен најголемиот дел од тимот.

Таму најголемо внимание привлече Норвежанецот Ерлинг Холанд, кој во ноќниот клуб дојде облечен во небесно сини свилени пижами, со иницијали на џебот. Комбинација во слична боја носеше и неговата девојка Изабел Јохансен, а англиските медиуми пишуваат дека и таа носела пижами, иако на фотографијата не може да се види дали се работи за пижами или фустан.

URL

„Тоа се спомени кои ќе ги паметам до крајот на мојот живот“, изјави Холанд за Sky, по што одговори и на прашање за тројната титула, со оглед дека ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против Интер и во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед:

„Се боревме толку многу и искрено не знам што да ви кажам, бидејќи не планирав ништо да кажам. Посебно е и ќе уживам во овој ден, посебен момент е да се освои трофејот, а без моите соиграчи од ова не би било можно. Ова е неверојатно“.

Во остатокот од вечерта, на Холанд му се придружи татко му Алф-Инге, но тој дојде пристојно облечен - во небесно сина кошула.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе