Ерупцијата на Тонга го предизвикала најголемиот вулкански облак досега

Кога вулканот Хунга Тонга-Хунга Хаапаи еруптираше во јануари, создаде облак од пепел и вода што го проби третиот слој на атмосферата на Земјата. Тоа е најголемиот вулкански облак што некогаш е забележан кој стигнал до мезосферата, областа каде што обично горат метеорите и метеоритите.

Мезосферата се наоѓа на 50 до 80 километри над површината на Земјата, над тропосферата и стратосферата. Вулканскиот столб достигна висина од дури 57 километри и ги надмина претходните рекорди, по ерупциите на планината Пинатубо на Филипините во 1991 година со 40 километри и Ел Чичон во 1982 година во Мексико, кога столбот достигна висина од 31 километар.

Зошто оваа ерупција беше толку моќна?

Научниците користеле сателитски снимки за да ја одредат висината на вулканскиот столб, кој содржел доволно вода за да наполни 58.000 олимписки базени. Проценката на таа висина може да им помогне на експертите да го проучат влијанието на ерупцијата врз глобалната клима.

Ерупцијата во Тонга е една од најмоќните вулкански ерупции досега. Кога подводниот вулкан еруптираше на 65 километри од главниот град Тонга, предизвика цунами, како и ударни бранови кои се проширија низ светот. Научниците се обидуваат да разберат зошто оваа ерупција била толку моќна. Можно е причината за тоа да била тоа што паднала под вода, пишува CNN.

„Топлината на ерупцијата ја испари водата и создаде експлозија на пареа многу помоќна од класична вулканска ерупција“, вели метеорологот и климатолог Сајмон Проуд од Универзитетот во Оксфорд.

Ерупцијата привремено ќе ја загрее планетата

Експертите наведуваат дека количината на вода што овој вулкан ја испушта во атмосферата дури привремено ќе ја загрее планетата.

„Често кога луѓето помислуваат на вулкански облаци, тие мислат на пепел. Сепак, прелиминарните истражувања за овој настан откриваат дека имало и значително количество мраз во облакот. Знаеме и дека имало прилично скромна количина на сулфур диоксид и сулфат аеросоли кои се формирале набргу по ерупцијата“, изјави атмосферскиот физичар Ендрју Прата од Универзитетот во Оксфорд.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе