ЕУ ќе ги отвори границите за вакцинираните

МИА/КАЈГАНА
/ 19.05.2021 / 15:01

Претставници на 27-те земји членки на ЕУ денеска се согласија да дозволат влез во Унијата за патници од трети земји кои ги примиле потребните дози на антивирусните вакцини одобрени во ЕУ, дознаваат француските медиуми од европски извори.

Во пресрет на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји на ЕУ ја одобрија препораката предложена од ЕК, а која не е обврзувачка за земјите-членки.

ЕУ, меѓутоа, се обидува да ги координира мерките на нејзините надворешни граници заради нивните последици за слободно движење во Унијата.

ЕУ ги затвори своите надворешни граници во март 2020 година за сите незадолжителни патувања и од јуни воведе и ограничен список, што редовно се преразгледува, за трети земји чии државјани, вакцинирани или невакцинирани, можат да влезат во ЕУ.

Претставниците на земјите-членки, исто така, денеска се согласија да ги олеснат критериумите за стапката на инциденца на вирусот што треба да се стават на оваа листа. Стапката на случаи со COVID-19 е зголемена од 24 на 75 случаи на 100.000 жители во последните 14 дена.

На списокот во моментов се наоѓаат седум земји: Австралија, Израел, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја, Тајланд, плус Кина во очекување на реципроцитет. Списокот треба значително да се прошири по оваа одлука за да се зголеми бројот на случаи на 100.000 жители.

Истовремено, земјите-членки се согласија да воспостават итен координиран механизам за брзо суспендирање на пристигнувањата од трета земја во случај на влошување на здравјето и појава на нови видови на вирус. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе