Европските гиганти ќе играат добротворни пријателски со киевски Динамо

Од месецов па сѐ до јуни украинскиот гигант ќе одигра низа пријателски натпревари со европски гиганти со цел собирање финансиски средства за помош на загрозените од војната во Украина.

Барселона, Пари Сен-Жермен, Милан, Борусија, Спортинг, Бенфика, Стеауа, Ајакс, Легија и Базел се клубовите кои изразиле желба да одиграат добротворен пријателски натпревар против Динамо од Киев.

Динамо ќе замине на континентална турнеја посетувајќи десетина земји за три месеци со цел собирање парични средства кои потоа ќе заминат кај оние на кои најмногу им е потребна помош поради руско-украинската криза.

„Благодарение на поддршката од власта на нашата земја Динамо ќе учествува во меѓународна добротворна мисија - серија на пријателски натпревари против врвни европски клубови“, се вели во клупското соопштение.

Сите натпревари ќе бидат одиграни под слоганот „Match for Peace! Stop the War!“ или „Матч за Мир! Зупинимо Війну!“ (во превод: Натпревар за мир! Да ја сопреме војната!) и ќе бидат прикажани во живо на украински и европски ТВ канали. Проектот ќе вклучи и украински уметници кои ќе патуваат со клубот промовирајќи ја мисијата.

Овие натпревари ќе служат и за одржување на формата на играчите на Динамо бидејќи, поради војната, првенството во Украина е прекинато на половина (воопшто не почна пролетниот дел). Моментално клупскиот ростер располага само со домашни играчи бидејќи на сите странци им беше дозволено да си заминат, а ФИФА дури и дозволи надвор од преодниот рок да потпишат за други клубови. Динамо располага и неколкумина репрезентативци на Украина, кои исто така треба да бидат во форма за јунскиот бараж за пласман на Мундијалот 2022 против Шкотска.

Интересно, Динамо ќе се соочи со Стеауа, романскиот тим со кој последен пат играше европско финале, она во 1986 година во рамките на УЕФА Суперкупот кога во Монако романскиот клуб победи со 1:0 благодарение на голот на легендарниот Георге Хаџи.

Турнејата почнува од Варшава каде во вторник вечер домашната Легија ќе го пречека Динамо.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе