Фаучи: Не постојат научни докази дека вирусот е создаден во лабораторија

Ентони Фаучи е директор на американскиот Национален институт за алергии и инфективни болести скоро 40 години и има сведочено на различни епидемии. Во ексклузивно интервју за National Geographic тој вели дека нема научни докази за тоа дека коронавирусот е создаден во кинеска лабораторија.

Со ова тврдење Фаучи ги замолчи дискусиите меѓу политичарите и нивните тврдења дека вирусот „избегал“ или потекнува од лабораторијата во Вухан. Фаучи е еден од најзначајните американски експерти за инфективни болести и значаен член на групи во борба против коронавирсуот.

Тој во интервјуто објасни дека не постои научна основа за теоријата дека вирусот е создаден од човек, во лабораториски услови или дека вирусот потекнува од лабораторија откако е доведен од дивина.

„Ако ја набљудувате еволуцијата на вируси кај лилјаците, научните докази се многу силни. Вирусот не би можел да биде вештачки, ниту постои сомнеж дека со него е манипулирано. Сè за постепената еволуција во текот на времето силно укажува на тоа дека вирусот се развил во природа и преминал од животни на луѓе“, вели Фаучи во интервју за National Geographic.

На основа на научни докази, вели тој, исто така не може да се тврди дека вирусот е пронајден во дивина, пренесен во лабораторија, а потоа случајно „избегал“ оттаму.

Теоријата дека вирусот се појавил во лабораторија во Вухан во Кина неодамна во изјави ја „подгреаја“ американскиот претседател Доналд Трамп и американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Фаучи е најмногу загрижен дека САД ќе бидат ставени на тест наесен и во зима од втор бран на COVID-19, ако земјата не ја сузбие инфекцијата до лето.

„Треба да се засрамиме ако немаме доволно тестови до тогаш, ако се случи втор можен бран на вирусот“, вели тој. „Не мислам дека има шанси вирусот да исчезне сам по себе. Ќе биде тука и ако добие можност, ќе се активира повторно“, смета тој.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе