ФФМ најави нов дрес: Фудбалерите конечно ќе се подноват?

Филип Здравески
/ 16.03.2023 / 15:51

На социјалните мрежи денеска Фудбалската федерација на Македонија објави нешто што личи како да фудбалерите ќе добијат нов дрес.

Фото: ФФМ

На своите профили на Facebook и Instagram ФФМ денеска објави интригантен постер со што најави дека веројатно репрезентацијата конечно ќе облече нов дрес.

„Наскоро ново сонце пак ќе изгрее“, гласи пораката со која ФФМ ја рекламира својата објава.

Воедно, на заматената слика се гледа играч кој позира во дрес, дрес кој е поинаков од оној со кој настапува Македонија од 2016 година, веќе седма година. Оттаму и претпоставката дека се работи за нов дрес. Веројатно нема некоја нова песна да извадат?

Дресот со сонцето на градите е навистина убав, и не само убав туку е и оригинален, уникатен во светски рамки. Со него игравме и на историското ЕУРО 2020. Но, време е за промена. Македонија е веројатно единствената европска репрезентација која толку долго се нема подновено.

Еден обид за промена имаше токму пред ЕУРО 2020, но тогаш ФФМ тргна да ги облече фудбалерите во навистина грда боја на дресови, па под огромен притисок на јавноста истите беа повлечени. Остана нејасно дали утката беше во ФФМ или во Jako, германскиот производител на спортска опрема.

Во секој случај, очигледно Jako ќе ги изработува и новите дресови бидејќи на фотката објавена од ФФМ јасно се гледа логото на оваа компанија.

Дали тоа „наскоро“ значи дека Македонија новиот дрес на јавноста ќе ѝ го претстави на отворањето на ЕУРО 2024 квалификациите против Малта на 23 март во Скопје? Останува да видиме.

реклама

Фудбал

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more
 

Спорт

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе