ФФМ не собра храброст - Милевски останува селектор

Филип Здравески
/ 15.08.2023 / 17:15

Управниот одбор на ФФМ на денешниот состанок со селекторот Благоја Милевски одлучи да не прави промени на селекторското столче, што значи дека Милевски ќе ги доврши квалификациите на кои поради бојкот нема да игра капитенот Стефан Ристовски.

Фото: ФФМ

Ова е епилогот од денешниот состанок помеѓу УО на ФФМ и Милевски. Тој има договор до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2024, кој за Македонија завршува на 20 ноември годинава. Со оглед на тоа Милевски не си поднесе оставка ниту по бламажата во Манчестер и оној пораз од 7:0, доколку ФФМ го отпушти ќе треба и да му плати отштета за предвремениот раскин на договорот.

ФФМ тоа не го наведе во своето објаснување зошто нема промена на селекторското столче, туку се правдаше дека следувале натпревари и договорот сепак наскоро му истекувал.

„Управниот одбор на ФФМ го почитува начелото 'на стара слава не се живее'. Незадоволство од постигнатите резултати е впечатокот кои го делат и членовите кои одлучуваат за избор на селектор на националниот тим. Меѓутоа, имајќи ги в предвид околностите во групата во која се наоѓа македонската репрезентација во квалификациите за ЕУРО 2024, распоредот на натпревари кои следуваат и релативно краткото време до завршување на договорот со актуелниот селектор, е на став Благоја Милевски да продолжи со работа во националниот тим. Договорот на селекторот трае до ноември 2023 година“, соопштија од ФФМ.

Ова значи дека Македонија на преостанатите пет квалификациски натпревари (и евентуална пријателска во октомври) ќе игра без капитенот Стефан Ристовски кој пред некој ден јавно објави дека се повлекува од националниот тим додека Милевски седи на селекторското столче.

ФФМ најави дека сепак по истекот на договорот на Милевски ќе биде назначен друг селектор.

„Како што е убаво кога се победува, така е тешко кога се губи. ФФМ во следниот период ќе го даде најдоброто решение за репрезентацијата“, додава ФФМ.

Македонија до крајот на евроквалификациите игра со Италија (дома), Малта (гости), Украина (гости), Италија (гости) и Англија (дома).

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе