КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

ФФМ одржа состанок со Косовската федерација по повод баражот за ЕУРО

Во „Куќа на фудбалот“ првите луѓе на Фудбалската федерација на Македонија и раководството на Косовската фудбалска федерација одржаа координативен состанок во однос на организацијата на полуфиналниот бараж натпревар меѓу Македонија и Косово за пласман на Европското првенство 2020.

На состанокот во Скопје, претседателот на ФФМ Муамед Сејдини го предводеше координатвното тело кое го формираше нашата Федерација, а во кое се и потпретседателот Лазар Ракиџиев и членот на УО Борче Лазаревски, со цел да водат и координираат одредени активности поврзани со организацијата на натпреварот заедно со Косовската фудбалска федерација. Гостите од Приштина ги претставуваа претседателот Агим Адеми и генералниот секретар Ерол Салиху.

Двајцата претседатели и нивните претставници разговараа за техничките детали околу организацијата на натпреварот закажан за 26 март во Скопје, потоа за начинот на продажба и распределба на билетите и соработката со двете министерства за внатрешни работи и одделот на УЕФА за интегритет и безбедност.

Со оглед на политичката ситуација во регионот, натпреварот ќе биде од висок ризик и со големо полициско обезбедување сѐ со цел сѐ де мине во најдобар ред и без несакани индиденти.

Минатата недела претседателот на ФФМ одржа состанот и со амбасадорот на Косово во нашата држава, Ѓерѓ Дедај, на кој исто така главна тема на разговор беше претстојниот бараж натпревар.

„Ние како Фудбалска федерација на Македонија сме во постојани контакти со федерацијата на Косово и драго ми е што и на ова ниво имаме можност да разговараме за натпреварот кој ни следува во март. Како Федерација ги преземаме сите мерки за успешна организација на значајниот натпревар, во постојани контакти сме со нашето Министерство за внатрешни работи и со одделот на УЕФА за интегритет и безбедност. Сите треба да дадат свој придонес за да помине сѐ како што доликува и да се зборува само за фудбалерите и нивната игра на теренот. Во најскоро време ќе ги соопштиме и сите детали околу влезниците и начинот на продажба и распределба, но секако ќе се придржуваме до правилата на УЕФА. Јас се надевам дека и навивачите на двете репрезентации својот придонес ќе го дадат единствено преку фер и коректно однесување и навивање бидејќи само на тој начин репрезентациите ќе имаат корист. Верувам дека по 26 март ќе зборуваме само за нашиот финален натпревар за пласман на ЕВРО 2020“, изјави тогаш Сејдини.

„Наша заложба е заеднички да го организираме овој натпревар, секој од нас да даде придонес за еден фудбалски спектакл. Се надевам дека сме подготвени и нема да дозволиме поединци или групи да ја искористат оваа можност за било какви проблеми. Треба да покажеме голема спортска култура, меѓусебна почит и да докажеме дека можеме да бидеме вистински протагонисти на еден фудбалски спектакл на кој на победникот ќе му се честита и посака пласман на ЕВРО 2020“, истакна амбасадорот Дедај.

Фото: ФФМ

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе