ФИБА ЕВРОБАСКЕТ ЛИТВАНИЈА 2011

ФИБА потсетува: 10 години од тројката на Илиевски против Литванија

Дури 10 години поминале, а како да беше вчера. На денешен ден Владо Илиевски ја расплака Литванија со тројката за победа на секунди пред крајот.

Во својата објава на Twitter ФИБА вели дека на денешен ден пред точно 10 години Македонија ја шокирала Литванија со едно од најголемите изненадувања во историјата на ЕвроБаскетот.

Токму така и беше. Литванија беше домаќин на тој континентален собир и атакуваше на медал, но неочекувано се сопна во четвртфиналето откако налета на забрефтаната Македонија на Антиќ, Илиевски, МекКејлеб, Гечевски, Чековски, Самарџиски, браќата Стојановски...

Тогаш, на минута до крајот во преполната „Жалгирис“ арена Литванците имаа 4 поени разлика (65:61) кога МекКејлеб во соло продор постигна двојка и намали на 64:63. Литванците не успеаја да погодат од два напада еден по друг, но потоа и Македонците промашија преку МекКејлеб. Сепак, едно лошо додавање и топката повторно се најде во македонски посед за атомски напад во кој се бараше удар кон домашниот обрач. Секундите брзо течеа, Литванците го затвораа секој приод, а се отвори само една опција - удар за тројка кој Владо Илиевски „без коски“ го погоди за неверување на 15-илјадната публика и огромна радост на околу 300 македонски навивачи.

URL

Македонија потоа во полуфиналето налета на моќната Шпанија, која подоцна стана и шампион, и ја прекина одличната серија. Потоа не успеа и во борбата за бронзата откако Русија нѐ совлада со 72:68, но сепак и тоа 4. место е историски и огромен успех за македонската кошарка, упсех кој од денешна гледна точка делува светлосни години далеку.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе