Филипче: Набавуваме сензори за мерење дијабетес кај деца

Министерството за здравство обезбеди средства за набавка на сензори за мерење на дијабет кај деца, истакна министерот за здравство Венко Филипче во синоќешното гостување во емисија на МРТВ.

„После долги години барање на родителите чии деца имаат дијабет ги набавуваме сензорите за мерење на дијабет. Тоа значи дека на една категорија деца до одреден број на години кои замислете некогаш и во текот на ноќта треба да се разбудат за да им се измери гликемија сега ќе имаат сензори што се монтираат на раката и родителите точно ќе знаат колкаво е нивото на степенот на гликемија. Со тоа целосно го заокружуваме процесот на модернизација во овој дел на лекувањето на пациентите, вклучително и децата со дијабет. Иновативна терапија што нуди квалитетен живот, врвна контрола на гликемијата, заштита на кардиоваскуларниот систем и посебно ми е драго што оваа година обезбедивме средства да се обезбедат и овие сензори коишто ќе ги имаат верувам во следните месеци“, рече Филипче.

Министерот посочи дека во земјава од почетокот на ковид кризата побарувачката на инсулин била зголемена за 20 отсто, но сега има доволно инсулин, и тоа оваа терапија е иста како во најсовремените земји во светот.

„Благодарение на иновативната инсулинска терапија, тоа се инсулини кои сега наместо боцкање кај еден дел од пациентите може да се земе таблета, понатаму инсулин кој наместо неколку пати во денот се боцка само еднаш и тоа во било кој дел од денот и не мора да се води сметка кога се јаде, дали пред јадење па колку се јаде, дали после јадење итн. Значи најсовремени молекули што ја контролираат гликемијата, понатаму молекули инсулини што го штитат срцето и крвните садови заради несаканиот ефект на шеќерот, заради шеќерната болест и тоа е сето еден процес на модернизација што го започнавме уште пред две години, сега го продолжуваме освен тие три лека, сега ќе има два дополнителни. Значи пет нови молекули на инсулин сега за следните две години што значајно го зголемува квалитетот на живот на пациентите кои имаат дијабет“, рече Филипче. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе