Филипче: Се изработува посебен протокол за отворање на градинките

Министерот за здравство Венко Филипче ја одржа редовната прес-конференција на која информираше за состојбата со коронавирусот во нашата држава.

На Инфективната клиника се сместени 2 нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 41, на кислородна поддршка се 21, 1 пациент е на респиратор.

Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 24 пациенти, на респиратор се 5 и уште 3 пациенти се со потешка клиничка слика.

Во болниците во Битола и Штип има 4 пациенти, има и пациенти на домашно лекување.

Во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар се хоспитализирани 46 пациенти.

Над 50 од 70 здравствени работници се веќе вратени на работа, сите се негативни со два последователни теста. Сите одделенија во болницата во Куманово функционираат нормално.

Од 235 здравствени работници, 184 се оздравени и голем дел од нив се вратени на своите работни места.

„Што се однесува до работата на градинките сè уште траат консултациите за да се изработи посебен протокол бидејќи децата се во ризик од трансмисија бидејќи таму е тешко да се одржуваат правилата. Градинките мора да бидат во функција кога сите ќе се вратат на работа“, изјави министерот.

„Сакам категорично да ги отфрлам шпекулациите дека постои некаков политички интерес и заради тоа се намалуваат тестовите“, истакна министерот. Центарот за ЈЗ заедно со Институтот за ЈЗ пристапува кон правење на план за скирининг на лица за кои се смета дека се во критични категории со оглед на слободниот капацитет во лабораториите. Како одминува оваа фаза од епидемијата се постави очекувано потребата да се надгради стратегијата бидејќи оваа стратегија даде добри резултати. Со тоа што имаме намален број на тестирања, е тоа што ние сакавме да го постигнеме бидејќи тестиравме пациенти коишто имаат симптоми а тоа е доказ дека бројот на активни пациенти значително се намалува. Една успешна стратегија и градиме план за дополнување на стратегијата за да влеземе во новата фаза согласно фазата на епидемијата. Имаме намален број на тестирања што е доказ дека бројот на пациентите се намалува“, вели Филипче.

Деновиве се појавија тези дека олабувањето на мерките може да се поврзе со политиката.

„Во изминатите 2 и повеќе месеци ниту една одлика не е донесена за било каков политички интерес. Комисијата ќе препорача дали и кога ќе има можност да се одржат изборите коишто доколку се одржат ќе бидат одржани според посебен протокол“, нагласи Филипче.

Што се однесува до мерките, Филипче вели дека до крајот на оваа недела сите протоколи ќе се оформат и дека од почетокот на следната недела тие ќе можат да се применуваат. Епидемијата стивнува и постепено мора да го враќаме животот во нормала. Носењето на маски е нешто што ќе го спречи ширењето на вирусот и кога ќе се скрати полицискиот час, вели Филипче.

Прес-конференцијата е во тек и министерот одговара на новинарски прашања.

Remote video URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Read more

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more
 

Вести

  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе