Франческа Софија Новело е познат италијански модел, а нејзиниот 27 роденден го прослави на 13 октомври. Нејзин партнер е 41-годишниот Валентино Роси, светски познат мотоциклист и деветкратен светски MotoGP шампион.
Роси со приватен авион замина на роденденската прослава и наиде на критики откако испадна дека е позитивен на COVID-19, со што не учествуваше на Големата награда на Арагон.
Роси испадна позитивен само два дена пред роденденската забава на Франческа, а неговото однесување наиде на критики од неговиот колега Пол Еспаргаро.
„Секој има лична одговорност за да знае кои ризици постојат. Тие што сакаат да се тркаат не може да одат на прослави и на приватни забави. Јас сум сам дома со сопругата и ќерката и ги почитуваме сите препораки. Секој е одговорен за своите постапки“, смета Еспаргаро.